U.F.O. – Hommage to Katalin Ladik
Завод Сплох
Словенија
автор:
Ирена З. Томажин, Јуле Флирл
режија;
Ирена З. Томажин, Јуле Флирл
Играат:
Ирена З. Томажин, Јуле Флирл
Концепт, кореографија, изведба: Ирена З. Томажин, Јуле Флирл
Дизајн на ветло: Гречен Блеген
Дизајн на звук: Никола Рати
Костими: Жан Пол Леспањар
Советник по историја, драматургија: Ката Краснахоркаи
Асистент: Шерон Ногалес Меркадо
Продуценти: Александра Веленсик, Завод Сплох / Шпела Трошт
Фото: Леон Дор
Трејлер: Сплох
Копродукција помеѓу: Sophiensaele (Berlin), Zavod Sploh (Ljubljana), Charleroi Danse Centre chorеgraphique de Wallonie-Bruxelles (Brussels), PACT Zollverein (Essen)
Помогнато од: Hauptstadtkulturfonds Berlin
Овaa претстава на фестивалот МОТ е дел од проектот (Не)Врзани движења, а е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски
Унгарско-српската поетеса и изведувачка Каталин Ладик се смета за „Јоко Оно на Балканот“ и пионерка на звучната и изведбената уметност во Југоисточна Европа: со „SoundBodyPoetry“ од нејзиниот радикален боди арт перформанс „UFO Party“ од 1969 година, ја разбранува тогашната уметничка сцена и воспоставува методи на експериментален пристап кон гласот и танцовиот перформанс веќе во седумдесеттите години на 20 век. Во нивната прва соработка, германската танцова и вокална уметница Јуле Флирл и словенечката кореографка и вокалистка Ирена З. Томажин го слават заедничкиот интерес за уметничката позиција на Каталин Ладик: омаж што ги замаглува границите помеѓу поезијата, актерството и експерименталната работа со гласот, истовремено продолжувајќи го истражувањето на двете уметници во областа на физичкото искуство на јазикот и артикулацијата на различни слоеви на гласот.
Перформанс на гласови, гласот на поезијата, гласот на танцот, гласот на телата. Гласноста на телото, но и телесноста на гласот.
времетраење:
60 мин.