Skopje, the great escape
Универзитет Американ Колеџ, Скопје
Македонија
ИНБОКС, Нови Сад, Србија
Harabel Contemporary, Тирана, Албанија
концепт:
Атила Антал, Вишња Жугиќ
режија;
Атила Антал
Играат:
Дејан Битровски, Илина Костовска, Стефани Шааршмит, Тереза Лазарев, Викторија Коцева, Ана Ковачка, Мила Стојановска, Елена Стојкоска, Михаела Дамчевска, Ива Георгиева, Филипа Бибановска, Леонтина Ѓорѓиевска, Марија Ѓеоргиева, Талиа Петров, Гала Стојмановски, Никола Игновски, Јана Лукровска, Ана Токарева, Надја Лукановска
Просторен дизајн: Вишња Жугиќ
Драматургија: Атила Антал
Текст: Љупчо Јованов
Кинематографија и монтажа: Кирил Шентевски
Музика и дизајн на звук: Атила Антал
Користена музика: Лепша Брена
Дизајн на апликација: Јохан Коста
Уметничко-просторна инсталација: Иван Ивановски
Гласови: Мартин Манев, Симона Димковска, Ангела-Александра Ивановиќ, Јасмина Билаловиќ, Атила Антал, Максим Наумовски
Кореографија: Ивана Балабанова
Асистент на кореографија: Надја Лукановска
Развој на апликација: Алдо Зифлај, Даниел Муца
Истражување: Павел Вељановски, Максим Наумовски, Бојана Вучковиќ, Зорица Ставрова, Сара Ничота
Ментори: Римини Протокол, Берлин (Хелгард Хауг, Даниел Вецел)
Продукција: Универзитет Американ Колеџ, Скопје; ИНБОКС Нови Сад; Harabel Contemporary, Тирана
Перформансот „Скопје, големото бегство“ е имерсивна претстава и аудио-визуелно искуство, кое ја ангажира публиката низ дел од заборавените места во Скопје, каде што низ колективна прошетка се отвораат прашања за општествената димензија на јавните простори.
Градот и реката се во непрекината, турбулентна дискусија околу која жителите го населуваат ова променливо, понекогаш ирационално, место кое го перципираат како свој дом.
Дали тоа претставува вечна љубовна приказна или приказна за борбата како ова место да се направи прифатливо за живот?
Мисловно-емотивното ткиво на оваа претстава се состои од судир на старото и новото, илузорното, фиктивното и реалното, секојдневното, но и спој на минатите генерации и сеќавања и нова, младешка енергија, која се обидува да најде нови начини за реинтерпретација на градските простори.
Претставата се одвива во форма на интерактивна аудиопрошетка и просторни интервенции низ видеосегменти со елементи на современ танц.
Перформансот е во рамки на проектот “Public Spaces Re:claimed”
НАПОМЕНА:
- Секој посетител потребно е да има телефон со 4Г-мрежа и сопствени слушалки.
- Пред почетокот на перформансот секој посетител ќе добие линк за следење на претставата.
- За евентуалните промени на терминот поради лоши временски услови, ќе бидете навремено известени.
јазик:
Македонски