Candy
Театар „Златен Елец“
Македонија
автор:
по Лук Дејвис и текстови од ХОПС
режија;
Тамара Стојаноска
Играат:
Лео Поповиќ, Бобан Алексоски
Адаптација: Тамара Стојаноска
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилеска
Фотографија и видео: Тамара Малкоска, Драган Биков
„Кенди“ е дуодрама што зборува за зависноста кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.
Приказ на едно „современо“ општество, кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначен фактор, кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги, се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.
Според „Кенди: роман за љубов и зависност“ и зборува за опијатната зависност кај младите и системските и семејни стапици во кои луѓето паѓаат водени од патот на зависноста.
времетраење:
110 мин.
јазик:
Македонски