ГРАДОТ КАКО СЦЕНА

The City as a Stage

ФРУ / PQ

Македонија

Театарска инсталација во три чина

Колаборативен проект на
Филип Јовановски

Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон и студентски павилјон на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики, Градот како сцена.

Продукција: Факултет за работи што не се учат –ФРУ/АКТО фестивал, Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), Театарски Фестивал МОТ,  ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА – Киев, Украина. Партнери на проектот: Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, Факултет за драмски уметности- УКИМ Скопје

16.11.2023 (четврток)

20:00 – ЧИН 1: Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии.

Изведба на перформанс/инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачот“, продолжение на истражувањето претставено во рамки на националниот павилјон на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година;  Автори: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.

17.11.2023 (петок) 

12:00 – 18:00 – ЧИН 2: РЕТКИ ИСКУСТВА НА ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – Отворање на Просторна инсталација – архива на истражувањето во рамки на платформата градот како сцена во периодот 2013 – 2023 година. Во рамки на оваа архива ќе биде изложен проектот Once in a lifetime – rare experiences of a city as a stage дел од националниот студентскиот павилјон на прашкото квадриенале(PQ 2023), куриран од Кристина Леловац и Филип Јовановски учествуваат Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска.  

18.11.2023 (сабота)

ЧИН 3: ИЗВЕДБА НА ЈАВНИОТ ПРОСТОР

12:00 – 13:30 – РЕТКИ СТУДЕНТСКИ ИСКУСТВА ОД ГРАДОТ КАКО СЦЕНА – дискусија модерирана од Кристина Леловац(актерка и изведувачка, ФДУ-УКИМ Скопје) и Миодраг Куч(ZK/U-Берлин). Маркета Фантова(уметничка директорка на прашкото квадриенале PQ).

13: 45 – 15: 00 – ПОПАМЕТНИ ГРАЃАНИ 02

Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонски факултет и факултетот за Драмски уметности- УКИМ Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври-ноември 2023 година. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект Градот како сцена: изведување на јавниот простор. Процесот на работа вклучуваше развој на метода на читање на градот и различни урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор. Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч(К/У Берлин) и Борис Бакал(Shadow Casters – Загреб) во соработка со Креативниот тим дел од платформата Градот како сцена: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска.

времетраење:
16.11. – 90 мин.
17.11. – 12:00-18:00
18.11. – 3 часа

јазик:
Македонски

Влезот е слободен

сцена: Железничка зграда