„Чашуле: Приказнувачот“

“Cashule, the storyteller”

промоција на монографија

АНА СТОЈАНОСКА

Ана Стојаноска (1977, Прилеп) театролог, писателка, редовна професорка на ФДУ – Скопје Уметнички директор и Претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, од септември 2022г. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007). Работела како координатор во Институтот за театрологија при ФДУ (2001 – 2011). Активно се занимава со истражување и проучување на драмата и театарот. Специјализирала театарска музеологија.

Монографијата „Чашуле, приказнувачот“ претставува научна и емотивна книга за македонскиот писател и драмски автор Коле Чашуле, на стогодишнината од неговото раѓање. Замислена е како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата работа и со работата на авторката. Насловена е „Коле Чашуле: приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Ова е исклучително ретка книга во македонската театролошка литература. Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата „Чашуле, приказнувачот“ се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен, наведува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.

Книгата е заедничко издание на авторката во соработка со Факултетот за драмски уметности – Скопје и „Арс Ламина“. Промотор на книгата е проф. д-р Јелена Лужина.

Влезот е слободен

сцена: ФДУ