Nero
МКЦ
Македонија
автор:
Христо Христов
режија;
Ѓорѓи Ризески
Играат:
Марко Трајковиќ, Нина Деан
Превод: Наташа Пеевска
Композитор: Алмир Бајрамовски
Кореографија: Нина Деан
Костимографија: Кети Пауновска Стевковска
Дизајн – фотографија и видео: Емил Пачовски
Аниматор: Емил Пачовски
Ликовен aртист: Андријана Тасевска
Продуцент: Марко Трајковиќ
Ова е претстава за сите души кои вистински се стремат да го разберат најзначајниот проблем на човештвото и како да го натераат да престане да се повторува. Ова е претстава за „Владетелот“, кој е одраз на народот, но за луѓето што се одраз на владетелот.
Претстава за политиката: во минатото, сегашноста и иднината… Поточно, за грешките на политиката, за грешките на владеењето со луѓето, со системите.
Претстава за злото, но и за надежта.
За разбирањето на злото. За рамнотежата на светот. За иднината, за децата.
За тоа што се случи, и ќе се случи, за жал, повторно. За милионите убиени луѓе пред нашето постоење… За чистата смисла на нивното заминување.
Голема точка во мало шоу… Спакувано точно.
Претставата е невообичаено автентична на времето во кое се случува, но со истата универзална порака што ја пренесува низ вековите. Човекот најмногу страда поради отсутвото на љубов, онаа љубов што ја носи во самиот себе.
времетраење:
75 мин.
јазик:
Македонски