Saved
Независен проект
Македонија
автор:
Томислав Зајец
режија;
Дамјан Костовски
Играат:
Хари Михајловски, Мирјана Трпковска, Васко Костовски, Кире Ацевски, Владимир Петровиќ, Јоанис Далајоргос, Ведран Чешарек, Елена Кузманов, Горан Ников, Ања Митиќ
Сценографија: Милка Черепналковска
Асистент на сценографија: Екатерина Николовска
Костимографија: Екатерина Добривојеска
Музика: Бојан Филиповски
Извршен продуцент: Батухан Ибрахим
Tехнички соработник: Дамјан Ѓорѓиев
„Спасени“ зборува за осаменоста на луѓето во ова сурово и цинично време. Специфичната фрагментарна драматургија на текстот, едноставниот јазик и суптилната духовитост се фундаментот на оваа претстава, а преку брзиот ритам и динамичното темпо како сложувалка се открива приказната на десетте ликови, кои по некоја „случајност“ се наоѓаат заедно на ова патување. Несреќата со возот го менува светогледот на преживеаните патници и нивниот однос кон животот се редефинира и добива една сосема нова смисла.
Приказна за осаменоста, видливата и невидливата. За лажната храброст наспроти необјаснивата спреченост за самоостварување. Ако сме гласни, дали сме храбри?
времетраење:
75 мин.
јазик:
Македонски