СЛУГИНКИ

The Maids

НУ Турски театар

Македонија

автор:
Жан Жане

режија;
Сибел Абдиу

Играат:
Селпин Керим, Џенап Самет, Дин Ибрахим

Кореографија: Александра Кочовска-Начева
Композитор: Албин Сопа
Сценографија: Ујза Жури
Костимографија: Диелза Минци
Визуелен уметник: Љуљзим Луиџи Бејта
Специјален гостин: Гроф

„Слугинки“ по текст на Жан Жане е драмски текст кој преку апсурдот го демонстрира самоволието на класните ознаки и вистинската борба на класната нееднаквост.
Слугинки е олицетворение на илузијата во функција на реакција против авторитетите каде што сестрите Соланж и Клер – слугинки на Мадам, преку играње улоги ги демонстрираат сопствените фрустрации и болки од потиснатоста на авторитетите.
Воедно, со инспирација од турскиот традиционален театар наречен „ортаојун“ во претставата ќе се користат кореографии и музика, кои ќе имаат голема улога во стилот на преставата, која може да се класифицира и како физички театар.

Бунтот и крикот на младата генерација, која се соочува со низа проблеми и конфликти меѓу луѓето во време кога светскиот капитал е репер за моќ.

времетраење:
75 мин.

јазик:
Македонски

сцена: Театар Комедија (мала сцена)