Kitty, kitty

презентација на работилница по постдрамски и танц-театар

режија;
Филип Петковски

Играат:
Нина Елзесер, Ана Јовановска, Сара Спиркоска, Филип Христовски, Александар Михајловски, Ведран Чешарек, Илин Јовановски, Стефан Спасов, Викторија Коцева, Леонардо Лазов, Димитрина Мицкоска

Целта на оваа јавна презентација и јавна проба е да покажеме како театарската техника Вјупионтс, во комбинација со вежби од современ танц и физички театар придонесува кон создавање нов и современ театар, кој ние како група сакаме да го прмовираме во државата. На настанот публиката ќе може да го гледа процесот на подготовка и одбрани и режирани сцени. Режисерот е присутен на сцена и на публиката ѝ објаснува за процесот на работа, додека актерите демонстрираат како здобиеното знаење се применува во нова перормативна естетика. Пубиката има шанса да се вклучи во разговор со режисерот и актерите. Настанот е замислен како едукативен и е наменет за театарџии.

Работилницата е работена по мотиви на претставата „Мачка на вжештен лимен покрив“ на Тенеси Вилијамс.

Јавна презентација на три работилници посветени на техниката Вјупоинтс и физички и танцов театар.

времетраење:
120 мин.

јазик:
Македонски

Влезот е слободен

сцена: МКЦ (сала Фросина)