ДЕКАМЕРОН

Decameron

„Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Македонија

автор:
Џовани Бокачо

режија;
Mартин Кочовски

Играат:
Александар Степанулески, Наташа Ацански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Спиркоска – Илијеска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Михајло Миленкоски

Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Филип Јовановски
Костимографија: Јулијана Војкова-Најман
Музика: Оркестарот на театарот „Војдан Чернодрински“, под водство на Пеце Трајковски-Брада
Вокал и музички соработник: Ана Митоска

„Декамерон“ е претстава полна живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи, која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството што сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството, нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа на Џовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост, но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега.

времетраење:
90 мин.

јазик:
Македонски