Bacchus: Agave
Перипетија Продукција
Македонија
автор:
Еврипид, Тамара Барачков
режија;
Нина Николиќ
Играат:
Симона Спировска, Александар Михајловски
Костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска
Сценографија: Ангел Петровски
Дизајн на звук: Александар Арсиќ
Инспициент: Вукица Александрова
Фотограф: Дени Инглизовски
Дизајн на плакат: Димитар Димитров
Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на линијата меѓу Пентеј — Дионис, Агава прозборува само во последниот чин, по чедоморството. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира/обработи и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се обидовме да го дефинираме коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Прашањето од кое тргнавме е: која е оваа жена денес?
Што е жената денес? Која е Агава денес? Претстава што ги поставува прашањата за издржливоста, страдањето, но и моќта на една жена. Која е цената на нејзиното целосно ослободување?
времетраење:
75 мин.
јазик:
Македонски