АНА КАРЕНИНА

Anna Karenina

Новосадски театар

Србија

автор:
Лав Толстој

режија:
Дејан Пројковски

Играат:
Марта Береш, Атила Немет, Арпад Месарош, Золтан Ширмер, Јудит Ласло, Габор Понго, Дедовић Томиќ Дина, Агота Ференц, Роберт Ожвар, Ливиа Банка, Терезиа Фигура, Адам Баји

Соработник на режија: Атила Клинче
Кореографија: Олга Панга
Музика: Горан Трајкоски
Сценографија: Валентин Светозарев
Костимографија: Марија Пупучевска
Асистент на режија: Лехел Шолтиш
Асистент на кореографија: Вики Динева
Дизајн на постер: Сергеј Светозарев
Светло: Стефан Милошевиќ
Тон: Вукашин Војводиќ
Инспициент, суфлер: Александра Биро, Чила Ловаш
Фотографија: Срѓан Дорошки

Ана е чесна, Ана е добра мајка, добра сопруга. Ана е заљубена. Ама не во својот маж. Ана најмногу сака две нешта и за нив го дава ивотот – за љубовникот и за синот. Ана знае дека едното го исклучува другото… Возот тргна од Санкт Петербург и со сѐ поголема брзина јури кон станицата.

„Нашата Ана Каренина е една жена – всушност не е важно дали е жена или маж – еден човек што сака да биде среќен. Низ нејзиниот лик отвораме бројни врати и се занимаваме со тоа што всушност значи љубовта, колку човекот е спремен на жртва, колку е спремен да се победи себеси, своите стравови, за да ја пронајде смислата на своето постоење. Во тој случај Ана Каренина во нашата претстава е еден сложен систем; и таа, но и сите останати ликови – Каренин, Вронски, Левин, Кити – имаат некоја своја приказна, една борба. Така што оваа претстава покажува дека црното никогаш не е до крај црно, белото никогаш не до крај бело, дека всушност има многу нијанси внатре и дека всушност тоа е нашиот живот.“ – Дејан Пројковски

„Во љубовта нема повеќе или помалку“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“

времетраење:
170 мин.

јазик:
Унгарски
* со превод на македонски јазик