The Willow Tree
Естер Бејкер и Искра Шукарова
Македонија/САД
Играат:
Естер Бејкер и Искра Шукарова
Проектот е поддржан од:
GPS (Global Practice Sharing) Program of Movement Research финансиран од Trust for Mutual Understanding
Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) ќе понудат еден колаборативен процес, приспособлив на просторот, кој се базира на врбата, како и на ритуалот како перформанс. Во своето истражување, тие го употребуваат перформансот за да патуваат низ времето и ритуалот за да се поврзат со предците и земјата. Во основата на својот процес, Естер и Искра целат да се придвижат кон отпорноста, но и кон радикалната нежност и вкоренетата поврзаност и процесот на учење едни од други. Ќе ја истражуваме врбата заедно.
Перформансот – презентација на проектот „Врба“ што претставува уметничка ко-креативна колаборација меѓу Естер Бејкер и Искра Шукарова, ќе биде претставен како дел од МОТ Фестивалот, во соработка со Културен центар Јадро, Скопје. По перформансот, ќе има отворен разговор со публиката и артистите.
Кокреацијата на Естер и Искра е своевидно истражување во полето на движењето како и поетската визија на нивниот колаборативен процес, инспириран од природата и ритуалниот фолклор што има заеднички одлики за многу народи, како и легендите и митовите од минатото, сегашноста и иднината.
времетраење:
40 мин.
јазик:
/

