The Lieutenant of Inishmore
Театар Адриана
Косово
автор:
Мартин Мекдона
режија:
Ѓорѓи Ризески
Играат:
Блин Мани, Шериф Бега, Мевлан Сарачи, Дора Џемаили, Арбен Мавречи, Али Красничи, Јајуш Рамадани
Асистент на режија: Алма Чоџај
Сценографија: Ментор Бериша
Превод: Гент Бејко
Костимографија: Елеонора Гагица
Композитор: Алмир Бајрамски
Драматургија: Арбен Мавречи
Дизајн – Фото и видео: Бесим Угзмаили
Дизајн на постер: Нгаден Ијмисмани
Видеомонтажа: Алма Чоџај
„Поручникот од Инишмор“ е морничава, гротескна, злобна, бајковита приказна во која нема возрасни, само луди, злобни деца, што ја прави уште побизарна. Тоа е бизарен свет каде што мачките се малку поважни од луѓето.
Театарската претстава во основа зборува за љубовта на многу чуден начин, бидејќи ги истакнува сите спротивности, сите контрасти на љубовта. Значи, во основа, за да ја видиме љубовта, да ја почувствуваме љубовта и да знаеме за љубовта, треба да поминеме низ пеколот што се изведува на сцената од почеток до крај, само за да видиме сами колку е лош светот без мир и љубов. Ова претстава беше забранета во многу различни театри во различни земји низ целиот свет поради тоа колку е насилна и на ист начин искрена. Сите ликови во неа се модерни, директни, зборуваат неформално и, најважно од сè, несвесни. Тие донесуваат лоши одлуки и живеат на многу деструктивен, апсурден начин. Нивниот прв избор е секогаш да создадат војна, а не мир.
Актерите играат на речиси хиперреалистичен начин само за да го посочат целиот ужас што произлегува од теророт.
времетраење:
? мин.
јазик:
Албански, со превод на македонски






