КУЌА НА ГРАНИЦАТА

The house on the border

Регионален театар Нови Пазар

Србија

автор:
Славомир Мрожек

режија:
Андреј Цветановски

Играат:
Рифат Рифатовиќ, Ема Муратовиќ, Сандра Миљковиќ, Харис Шеќеровиќ, Лемана Бињош, Анѓела Мариќ, Душан Живаниќ и Кристина Јевтовиќ

Сценографија и костимографија: Сергеј Светозарев
Композитор: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Радомир Стаменковиќ
Фотографија: Адмир Нуховиќ

„Куќата на границата“ од Мрожек е напишана во 1967 година и е важен текст за светската драматургија. Оваа приказна, на духовит, гротескен и саркастичен начин ги прикажува времињата во кои живееме денес, поделени и одвоени од оние што не разбирајќи го менталитетот на обичните луѓе, поставуваат граница што поминува низ самата куќа на едно семејство и одредува што ќе јадат, каде ќе пијат и за што ќе сонуваат.“ Почнувајќи од оваа апсурдна премиса, претставата што ја направивме зборува за нашата горчлива реалност и апсурдите што ги нарекуваме наша реалност денес, и на гротескен начин зборува за светот во кој живееме и каде оди ова лудило што ни е одредено одозгора.

времетраење:
70 мин.

јазик:
Српски, со превод на македонски