КОШТАНА

Koštana

Народен театар Ниш

Србија

автор:
Борисав Станковиќ

режија:
Јана Маричиќ

Играат:
Уна Костиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Александар Маринковиќ, Данило Миленковиќ, Евгенија Станковиќ, Ивана Недовиќ, Милош Цветковиќ, Дејан Лилиќ, Наталија Јовиќ, Наѓа Недовиќ Текиндер, Николија Мичиќ, Петар Миљуш

Музичари:
Александар Стевановиќ, Ненад Танчиќ, Војкан Добросављевиќ, Горан Савиќ, Предраг Бранковиќ

Сценографија: Миодраг Табачки
Костимографија: Борис Чакширан
Композитор: Божидар Обрадиновиќ
Сценски движења: Миодраг Крчмарик
Лектура: Наташа Илиќ
Асистент на режија: Невена Димитријевиќ
Организатор: Ивана Мадиќ Стојановиќ
Инспициент: Добрила Марјановиќ
Дизајн на тон: Слободан Илиќ
Дизајн на светло: Дејан Цветковиќ

Коштана изобилува со истовремени настани. Речиси во текот на целото времетраење на сценското дејство, музиката, песната и звуците од улицата доаѓаат од вонсценскиот простор. Сепак, поради нивната истовременост со настаните од сценското претставување, тие не влијаат одлучувачки врз развојот на заплетот. Како по правило, тие се дел од звучната завеса, амбиенталната позадина, уметничката орнаментација и реалистичната потврда на она што ликовите го кажуваат пред публиката.

Јана Маричиќ и ансамблот на Народниот театар во Ниш прават фундаментална промена во концепцијата на односот меѓу ликовите на Митке и Салча. Нивниот однос, или поточно нивната неостварена љубов од минатото, е реалистичен мотив за иницирање на дејството и призма низ која се прекршуваат сите други тематски оски на конфликтот. На овој начин, ликот на Коштана ги надминува своите инхибиции, изведени од рамката на реалистичката литература „студија од животот“ и миражната еротика.

времетраење:
80 мин.

јазик:
Српски, со превод на македонски