ZWADA и THIS IS NOT

ZWADA е бенд составен од Суада Абази (вокал/гитара), Лум Весели (тапани), Оргес Куртај (бас гитара) и Анди Садику (гитара). Дел од алтернативната музичка сцена на Косово, тие се експериментален бенд, желен да открива и повторно да открива музички текови. Иако се инспирирани од инди-рок, панк и алтернативна музика, тие не се ставаат во шаблон, туку се стремат да течат во полни потоци на музика.
“THIS IS NOT”, составен од Виган Нимани и Дритеро Никќи, е дуо базирано во Приштина. Нивниот звук го спојува електронското синтетизирање со живи инструменти преку целосно импровизирани настапи, користејќи богата палета на говорни семпли изобличени со ефекти, што резултира со имерзивно аудитивно искуство“.
И двата музички настапи во текот на оваа вечер ќе донесат многу лични искуства и долги патувања.
