ВРБА

The Willow Tree

Естер Бејкер и Искра Шукарова

Македонија/САД

Играат:
Естер Бејкер и Искра Шукарова

Проектот е поддржан од:

GPS (Global Practice Sharing) Program of Movement Research финансиран од Trust for Mutual Understanding

Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) ќе понудат еден колаборативен процес, приспособлив на просторот, кој се базира на врбата, како и на ритуалот како перформанс. Во своето истражување, тие го употребуваат перформансот за да патуваат низ времето и ритуалот за да се поврзат со предците и земјата. Во основата на својот процес, Естер и Искра целат да се придвижат кон отпорноста, но и кон радикалната нежност и вкоренетата поврзаност и процесот на учење едни од други. Ќе ја истражуваме врбата заедно.

Перформансот – презентација на проектот „Врба“ што претставува уметничка ко-креативна колаборација меѓу Естер Бејкер и Искра Шукарова, ќе биде претставен како дел од МОТ Фестивалот, во соработка со  Културен центар Јадро, Скопје. По перформансот, ќе има отворен разговор со публиката и артистите.

времетраење:
40 мин.

јазик:
/