ЛИМЕНИОТ ДОБОШ

The Tin Drum

Југословенско драмско позориште

Србија

автор:
Гинтер Грас

режија:
Васил Христов

Играат:
Миодраг Драгичевиќ, Јована Беловиќ, Марко Јанкетиќ, Јоаким Тасиќ, Ива Манојловиќ, Лазар Ѓукиќ, Тамара Шустиќ, Теодор Винчиќ

Превод: Олга Требичник
Драматургија: Весна Радовановиќ
Сценографија: Константин Трпеноски
Костимографија: Марија Марковиќ Милојев
Композитор: Никола Коџабашија
Сценски говор: Љиљана Мркиќ Поповиќ
Инспициент: Раде Стојиљковиќ
Суфлер: Гордана Перовски

„Лимениот добош“ од Гинтер Грас е еден од најзначајните романи на XX век, кој ги помести границите на книжевната традиција. Во 1979 година, Фолкер Шлендорф го режираше познатиот филм со исто име, раскажувајќи ја приказната за Оскар Мацерат, триесетгодишен психијатриски пациент, кој кога имал три години и во деновите пред подемот на нацизмот и почетокот на Втората светска војна, решил да престане да расте. Како форма на протест против светот на возрасните, Оскар ги нуди своите коментари за историските настани од детска гледна точка, сликајќи слика за свет што се упатува кон самоуништување.

времетраење:
110 мин.

јазик:
Српски, со превод на македонски