Anamnesis: Dialogues of Art in Public Spaces

SANDRA USKOKOVIC CROATIA

18.09.12:00 МКЦ/ YCC

Промоција на книга
Book Promotion

SANDRA USKOKOVIC

Во книгата се обработуваат културни пракси и уметнички дела на уметници и уметнички колективи, кои воспоставуваат нови модели на активно учество во создавањето и менувањето, како на урбаната култура, така и на самиот урбан, т.е. јавен простор.
Во книгата се обработени авторите од хрватската уметничка сцена активна изминатите 40-тина години и тоа: Том Готовац, Сања Ивековиќ, Кугла Глумишта, Едит Шуберт, Зоран Павелиќ, Сандра Стерле, Славен Тољ, Игор Грубиќ, Златко Копљара, Петар Гримани, Боже Јурјевиќ, Синиша Лабровиќ, Ивана Јелавиќ, Тое Савиќ Гецан, Никол Хјуит, Наташа Лушетиќ, Станка Јузбашица, Александра Ацева, Еле Аготиќ, Александра Баришиќ, Борис Бакал и Бацачи сјенке.
Настанот е поддржан од МОТ, во соработка со Факултет за работи што не се учат(ФРШУ), во склоп на програмата „Кога зградите би зборувале“, поддржан од годишната програма за култура на Град Скопје.

The book elaborates the cultural practices and works of art by artists and art collectives, which establish new models of active participation in the creation and transformation, of both urban culture and the urban, public space itself. In this book are elaborated authors from Croatian art scene in the last 40 years, like: Tom Gotovac, Sanja Iveković, Kugla Glumišta, Edit Šubert, Zoran Pavelić, Sandra Sterle, Slaven Tolj, Igor Grubić, Zlatko Kopljara, Petar Grimani, Bože Jurjević, Siniša Labrović, Ivana Jelavić, Toe Savić Gecan, Nikol Hjuit, Nataša Lušetić, Stanka Juzbašica, Aleksandra Aceva, Ele Agotić, Aleksandra Barišić, Boris Bakal and Bacači senke.
This event is supported by MOT, in collaboration with Faculty of things that can`t be learned (FRЅU) , within the programme „When/If the buildings could speak“, supported by annual cultural programme of City of Skopje.

Сандра Ускоковиќ е родена во Дубровник 1971 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Загреб – Отсек за историја на уметноста. Работела како стипендист во ICCROM, Рим (2003) и УНЕСКО, Парис (2005-2006). Магистрирала на Универзитетот Џорџ Вашингтон (2004). Докторирала во 2010 година на Филозофскиот факултет во Загреб, на Отсекот уметност и реставрација. Ги објавила книгите: „Модерната архитектура на Дубровник како културно наследство“, „Современата архитектура во историски амбиент“, „Ловро Перковиќ: Естетика на просторот и сензибилитет на контекстот“ и „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавни простори“.

Sandra Uskokovic was born in 1971 in Dubrovnik. She graduated at the Faculty of Humanities and Social Sciences in Zagreb – Department of Art History. She has worked as a researcher and scholar at ICCROM, Rome (2003) and UNESCO, Paris (2005-2006). She graduated architectural history and heritage preservation at the George Washington University, USA. She received her Ph.D in 2010 from the Faculty of Philosophy, University of Zagreb, Department of Art History.
She has published books: Modern Architecture in Heritage of Dubrovnik; Contemporay Design in Historic Settings; Lovro Perkovic: Sensibility of Space Design and the Sensibility of Context and Anamnesis: Dialogues of Art in Public Spaces.

АНАМНЕЗИС – ДИЈАЛОЗИ ЗА УМЕТНОСТА ВО ЈАВЕН ПРОСТОРmot_ev4re0